Промоција на книгата поезија „Шума“ на македонскиот автор Сашо Огненовски, во издание на книгоиздателството „Силсонс“, се одржа во библиотеката „Милутин Боји“ во Белград, под водство на поетесата Валентина Новковиќ како модераторка. За книгата говореа писателот Милутин Ѓурицковиќ и академскиот сликар Васил Галев. Стихови читаше поетесата Билјана Трбољеваќ.
Книгата беше промовирана лани во Скопје, во книжарницата „Матица ексклузив“. Според рецензентот Михаил Ренџов, книгата е составена од даровити песни што читателот го восхитуваат, го опседнуваат и го тераат на размислување зошто длабоко го доживува напишаното и доживеаното.
– Авторот Сашо Огненовски е поет на тагата, затоа што во него е болката, тагата, онаа што ја гледа и што ја доживува – пишува меѓу другото Ренџов.