Официјалното отворање на традиционалната културна манифестација „Кавадаречко културно лето“ годинава промовира нов простор за културни случувања а тоа е покриениот дел од велосипедско-пешачката патека во месноста Моклиште во непосредна близина на споменикот на дванаесетте ваташки младинци.
Вечерва на ова место со почеток во 19 часот свој настап ќе имаат фолклорната група при детската градинка „Рада Поцева“ од Кавадарци и Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ кој работи при домот на културата „Иван Мазов Климе“. Вториот настан од „Кавадаречкото културно лето“ се случува во вторник, кога со почеток во 20 часот е закажана премиерата на претставата „Тетовирани души“ од Горан Стефановски во режија на Александар Малинков, а во изведба на театарот при домот на културата „Иван Мазов Климе“. Ми.М.