В четврток, театарот „Јордан Х.К-Џинот“ од Велес ќе настапи на Интернационалниот театарски фестивал на претстави за деца „Волшебната завеса“ во Трговиште, Бугарија со претставата за деца „Волшебникот од Оз“ од Л.Френк Баум, во драматизација на Катерина Момева, а во режија на Александар Ивановски.
„Волшебникот од Оз“ е претстава за деца базирана врз ликовите од детската книга на Л. Френк Баум, според која е направен и светски познатиот филмски мјузикл од 1939 година. Тоа е приказна за универзалните човечки особини, како што се мудроста, способноста да се сака и храброста. Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, а во неа настапуваат актерите Талија Настова, Фаик Мефаилоски, Васил Зафирчев, Марија Стефановска, Александар Велјановски, Маја Љутков, Кети Борисовска и Драгана Босниќ.