Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“, вечерва ќе биде отворена самотојна изложба на слики под наслов „Бранови и мисли“ од Наташа Попоска Карче.
Изложбата ќе биде отворена во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 19 часот.
Наташа Попоска Карче е родена 1972 година во Охрид. Стоматолог по професија, од 2013 година, почнува да го моделира и создава својот ликовен и интимен сензибилитет создаваќи реални но и имагинарни пејзажи кои го отсликуваат нејзиниот динамичен и исполнет живот.
Во август 2016 година, ја одржува самостојната изложба во Охрид на Терасата во Аквариус, а во јули 2017 година, учествува на манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца.