Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид, од 5 до 8 јули 2019 година година ќе го одбележи 58-то реномирано издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.
Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на ИОВ и ЦИОФФ на најзначајни фолкорни манифестации во светот.
Покровител на Фестивалот е Собранието. Организирањето на фестивалот е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија и пријателите на фестивалот. Во рамките на фестивалот се одржуваат и изложби кои секогаш биле блиски на ориентацијата на фестивалот.
Свеченото отворање на фестивалот е на 05.07.2019 година (петок) во терминот од 20.30 часот на сцената во Долни Сарај, со програмата на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“.