АРС СТУДИО со особено задоволство ве поканува на годинешниот Саем на книгата што ќе се одржи во ВИП Арена „Борис Трајковски“.
Како и досега, АРС СТУДИО со организиран настан во рамките на саемот, а во соработка со италијанската амбасада, ќе го збогати ова искуство. Денеска во 14 часот ќе биде одржана промоција на книгата „Татковата куќа“ од авторот Џорџо Монтефоски и средба со авторот.
„Татковата куќа“ е ремек-дело на авторот Џорџо Монтефоски, во кое целото дејство се одвива во Рим. Во еден семеен лавиринт се вкрстуваат нишките од минатото и сегашноста. Трогателната нарација на Монтефоски достигнува апсолутни стилски врвови. Од перспектива на главниот лик е опишан животот на три генерации, нивните копнежи, радости, загуби и заемни семејни врски.
АРС СТУДИО ве очекува на својот штанд, на 30-тиот јубилеен Саем на книгата, каде што ќе имате можност да го изберете вашето омилено дело од одличниот избор на книжевни дела и книги од областа на историјата, филозофијата, психологијата…