„Авлиска носталгија“ е прва збирка поезија на Драган Божиноски од Кичево. Божиноски пишува од најмлади години, меѓутоа во шестата деценија од животот за првпат се решава тоа да го објави. 

– Oд печат излезе мојата прва збирка песни„ Авлиска носталгија“. Иако книгата штотуку ја издадов, денес кога сум пензионер, сепак со пишување започнав да се занимавам уште во гимназиски денови, кога бев дописник на Студенски збор, и каде помеѓу останатите текстови објавив и повеќе свои песни и раскази. Моите соученици поттикнати од една моја песна ми го ставија надимакот Карпа, според насловот на песната која е застапена и во моето поетско првенче. Книгата „Авлиска носталгија“ нема да ја промовирам на вообичаен начин, бидејќи сите песни од книгата се објавени и во електронска форма и коментарите на моите фејсбук- пријатели, се најдобрата и најсуптилна промоција на оваа книга – вели Божиноски, кој очекува истата да побуди поголем интерес кај љубителите на пишаниот збор од градот и републиката.

З.А.