Во пресрет на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, „Галерија Матица“ ја отвори изложбата на четириесет дела од македонски автори што ги прикажуваат повеќеслојните искуства, борби и триумфи на жените. Секое дело зборува за уникатните приказни за издржливост, сила и убавина што ги носат жените.
На изложбата се застапени дела на македонските сликари: Коле Манев, Павле Кузманоски, Тања Балаќ, Синиша Новески, Касиопеја Наумоска, Ниче Василев, Златко Глигоров, Симон Калајџиев и др.
Изложбата ќе биде отворена до 28 март. „Галерија Матица“ се наоѓа во самиот центар на Скопје, во непосредна близина на Министерството за финансии.