фото: З.А.

Со самостојна изложба вечерва во ликовниот салон на Центарот за култура во Кичево се претстави уметникот Зоран Здравески.Тој пред љубителите на уметноста од родниот град се претстави со 33 дела изработени од метал последните шест години.

– Идејата да создавам дела изработени од метал ја добив од мојот внук и како резултат на таа идеја се овие 33 творби изработени од метал. Металот овде станува носител на идеја. Овие дела за првпат вечерва ги претставувам во родниот град, а во блиска иднина овој опус ќе биде претставен и во два соседни града. За овие дела ми беа потребни нешто повеќе од пет години – истакна авторот Зоран Здравески.

Ликовната галерија од Центарот за култура беше претесна да ги прими сите оние што изразија желба да ја проследат оваа изложба.

З.А.