На фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ настапија поети од Македонија, Хрватска, Ирска, Србија и од Кина, а беше претставен поетски портрет на Елизабета Баковска.
Во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ беше отворена изложба на фотографии на Сашо Димоски, со наслов „Паметници на заборавот“.
Фестивалот беше отворен и затворен со музичките концерти на хрватската кантавторка Нина Ромиќ, во придружба на Јелена Галиќ.
‒ Заврши уште едно успешно издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“. Настаните беа посетени од многубројна внимателна и посветена публика, па би сакале да им се заблагодариме на сите што присуствуваа, како и на нашите гости што со нивната убава поетска мисла, со музиката и со фотографиите со кои се претставија создадоа магија и на сцената, но и во сите неофицијални дружби и прошетки во Велестово и во Охрид. Голема благодарност и до поддржувачите на фестивалот ‒ изјавија организаторите.