Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Тони Коњановски, во Битола присуствуваше на почнување на реализацијата на капиталниот проект за реконструкција и адаптација на поранешното кино „Партизан“. Љутков истакна дека проектот, вреден 96 милиони денари, претставува прв сериозен чекор кон новата културна иднина на градот.
– Реализацијата на проектот е предвидена до крајот на 2026 година – рече министерот Љутков.
Министерот Љутков истакна дека затекнал нереализирани и закочени проекти, поради што Министерството посветено и системски работело на откочување на наследените проекти, на нивна правна и финансиска консолидација и, пред сè, на создавање реални услови за нивна вистинска реализација.
– Во изминатиот период посветено, одговорно, фокусирано и системски работевме на откочување на наследените проекти, на нивна правна и финансиска консолидација и, пред сè, на создавање реални услови за нивна вистинска реализација. Затоа ова не е обичен проект, ова е доказ дека кога има волја – има резултати – рече Љутков.