На својата конститутивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година, која ја доделува фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатира дека на годинашниот конкурс пристигнаа 35 романи.
Жири-комисијата, во состав Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на жирито), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огњановски и Катерина Богоева (претставничка на фондацијата), констатира дека годинашната конкуренција е составена од различни жанрови и дека процесот за избор на најдобро дело нема да биде воопшто лесен.
Жири-комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Жири-комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март.
Наградата „Роман на годината“, која е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а чиј генерален спонзор е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе биде доделена по јубилеен 25-ти пат. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Список на пристигнати дела за „Роман на годината“ за 2023 година:
„Не кажувам“, Петар Андоновски, „Полица“
„Мина“, Игор Анѓелков, „Или-или“
„Скитачот“, Матеј Богдановски, самостојно издание
„Единствен матичен број“, Лидија Димковска, „Три“
„Писма од лудница“, Срѓан Ивановиќ, „Арс либрис“
„Силуваната невеста“,Томе Илиевски, самостојно издание
„Цик-цак, ку-ку“, Жан Илиески, „Антолог“
„Есента во животот на професорот по марксизам“, Моџо Килингтон, „Арс либрис“
„Среќните луѓе не слават родендени“, Сашо Кокаланов, „Или-или“
„Илина и шумските тролови“, Хана Корнети, „Или-или“
„Зборови“, Јордан Коцевски, „Антолог“
„Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“, Кристина Краличин, „ИД – Концепт консалтинг и дизајн“
„Савески“, Анастасија Лефкоска, НУ Центар за култура „АСНОМ“ – Гостивар
„Гени, мени, сени: (потеклото на бабите)“, Владимир Лукаш, „Супрема издателство“
„Отуѓување“, Ѓорѓи Мешков, самостојно издание
„Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
„Бигор шарпланинецот: приказни за пријателството и за храброста, Ферид Мухиќ, „Три“
„Последната мисла во универзумот. Апокалипса“, Валентин Нешовски, „Антолог“
„Тишина“, Јелена Никодиноска Чаповска, „Паблишер“
20. „Заборав“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
21. „Ѓаволот има убаво лице“, Дора П., „Матица македонска“
22. „Сѐ уште можам нешто да сторам“, Фросина Пармаковска, „Или-или“
23. „Мртва коска“, Димче Парталоски, „Арс либрис“
24. „Излегувањето од сенка: тајното женско училиште“, Дијана Петрова, „Антолог“
25. „Издигнување“, Игор Раиден „Темплум“
26. „Варшавската срна: трите љубови на Марија Склодовска Кири“, Мимоза Ристова, „Арс либрис“
27. „Живот без сведоци“, Наташа Сарџоска, „Три“
28. „Пеперуга“, Мирјанка Селчанец, „Академска мисла“
29. „Зелениот дворец“, Сибо, „Арс либрис“
30. „Ронлива“, Милена Сиљаноска, самостојно издание
31. „Полиглот“, Игор Станојоски, „Муза“
32. „Бела Сама“, Виолета Танчева-Златева, „Три“
33. „Рок на траење“, Марија Трифуновска Тасеска, „Восток“
34. „Туѓинци и браќа“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
35. „Succubus“, Катерина Шошко, „Антолог“