Фото: Фестивал на биодиверзитет-Скопје

Четвртиот фестивал на биодиверзитетот, што ја промовира здравата храна од нашето поднебје, поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се одржи во сабота во Јавна соба“( Public Room), од 10 до 18 часот.

Организаторот Слоу фуд Водно“, со поддршка од Слоу Фуд Македонија“, и овојпат ветува празник на автентичноста и на локалното производство,под мотото: здрави корења и полни трпези.

– Ова ќе биде ден кога храната ќе раскажува приказни за зачувани сорти, за вредните раце на земјдоелците што нежно ги негуваат, и за трпези кои се полнат со добра, чиста и правична храна. Овојпат, во фокусот ќе биде планинскиот чај, чиешто мирисно и лековито богатство ќе ни го открие Самет Абдули од Ростуше, Маврово чувар на традицијата и раскажувач на билкарските тајни на планината. Бостание“, нашата општествена градина, преку таботилница ќе ве воведе во светот на семенските топки мал, но моќен начин за враќање на природата во нашите животи. За најмладите посетители, точно напладне, магијата ќе оживее преку Кристијан, магионичарот, кој со својот едукативен настап ќе покаже дека и храната може да биде вистинска магија. Ќе има и работилници за кисело тесто, каде љубителите на автентичен леб ќе имаат можност да научат како да создадат свој, “жив леб”, кој расте полека, но со душа. Целта и оваа година е јасна: поддршка за малите производители, кои ја чуваат традицијата, но смело чекорат со современите вредности и трендови велат организаторите.

На фестивалот ќе земат учество над 25 производители од цела Македонија, носејќи со себе вкусови, мириси и приказни од различни краеви на земјата.А покрај храната, ќе има и музиказад диџеј пултот ќе биде диџеј Соул Кејс.