Филмот „Одмаздничка“ (Vindicta) го снимав со „алекса 35“. Се чувствував комотно со сензорите, снимен е во голем формат. Овој филм има многу убавина во себе, оваа камера беше одличен избор, а главната причина зошто ја одбрав токму неа се опциите на леќите. Едноставно, знаев што сакам да работам.

Ова го истакна директорoт на фотографија Дејвид Мекфарланд, кој сподели увид од неговиот најнов долгометражен филм „Одмаздничка“, интензивна драма за Втората светска војна.

Тој зборуваше на специјална панел-дискусија, која се одржа со поддршка на АРРИ, во киното „Манаки“ во Битола, во рамки тена ИФФК „Браќа Манаки“.

Филмот зборува за 19-годишната Хана, чиј живот е скршен од трагедија и трансформиран од одмазда, а Мекфарланд пред публиката сподели детали за снимањето одредени сцени во филмот.
– Го направивме овој филм на неколку локации во Хрватска. Ова ми е првпат да работам на Балканот. Соработувам со луѓе од многу земји и ова е извонредна соработка. Една од сцените е снимена вo паркот „Mаксимир“ во Загреб, близу центарот, снимавме ноќе, а локацијата изгледа како да снимаме во шума. Тоа е прекрасен парк, кој ни дозволи многу слобода додека снимавме. Тоа го снимивме во есен, лисјата беа паднати, а светлосните снопови низ лисјата изгледаа совршено – рече Мекфарланд.

Според него, најважните моменти во снимањето филм се оние кога се гледа емоцијата кај актерот и тоа е причината поради која сцените со емоции му се омилени за снимање.