Свечената академија ќе се одржи по повод три јубилеи на Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиље, Струмица, в недела, во 19 часот, во НУЦК „Антон Панов“. Шеесет години училиште на македонски народен јазик, 80 години образование на македонски литературен јазик и 65 години осмолетка се трите значајни јубилеи на училиштето.
– За големиот јубилеј 160 години од формирањето на училиштето од 1865 до 2025 година, реферат ќе поднесе познатиот фолклорист, патописец и истражувач г. Иван Котев, а слово за училиштето „Св. Кирил и Методиј“, кое го носи името во Дабиље на овие наши просветители, ќе упати г-ѓа Сузана Мицева. Во културно-уметничката програма ќе учествуваат ученици од училиштето, читајќи свои лични творби, ќе има и изложба на цртежи со мотиви од училиштето и Дабиље, а музички настап ќе имаат ученици и школскиот хор – истакнува м-р Васил Атанасов, претседател на Иницијативниот одбор за трите јубилеи во Дабиље.
Во уметничкиот дел ќе има поетски мигови со истакнатиот поет Георги Барбаровски, а музички перформанс ќе имаат нашите познати уметници Васил Атанасов В`чев – обоа, Катерина Гелебешева Костадиновска – пијано и Влатко Митев – фолклорен тапан, изведувајќи пригодна програма. Покровител на настанот е Петар Јанков, градоначалник на Струмица.


































