Фото: Општина Битола

На годинашното 42 издание на светската детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр” која ќе се одржува во Битола, во периодот од 23 – 30 мај, поканети се и се очекува да земат учество 25 школи – тимови од 22 држави од цел свет.

На годинашната колонија се очекува да учествуваат екипи од: Хонг Конг-Кина, Израел, Турција, Бугарија, Србија, Индија, Словачка, Полска, Албанија, Романија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Јапонија, Тајланд, Малезија, Русија, Украина, Унгарија, Црна Гора, Португалија и Македонија.

Ова денеска го соопштија организаторите на Колонијата на „Малиот битолски Монмартр“ на средбата со градоначалникот на Битола.

Генерален покровител на Манифестацијата годинава ќе биди општина Битола, која за таа цел преку програмата за култура ќе издвои 300.000 ден.

-„Малиот битолски Монмартр“ е манифестација, која претставува своевиден симбол на градот Битола. Затоа Општина Битола останува верен поддржувач на оваа Манифестација како и на сите културните настани кои се промотори на градот во светски рамки, изјави градоначалникот Коњановски, на денешната средба со претседателката на „Малиот битолски Монмартр“ Елена Хаџи-Антоновска и претседателот на УО на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“,  Славчо Неделковски.

М.М.