Фото: Турбо салса Бенд

Групата „Тумбао салса бенд“ на 31 октомври, петок, со почеток во 20 часот, ќе одржи голем концерт во Националната опера и балет во Скопје. Поводот е одбележување на 20 годишниот јубилеј на бендот, кој со иновативниот музички пристап ја проширува и надополнува нашата традиционална македонска народна музика со примеси на ритмиката на карибската салса како и хармонски решенија на џезот.

– Оваа приказна има мотив и инспирација да патува низ времето и да облагородува зошто е создадена од духовноста на неколкумина музичари кои цврсто веруваат во широкиот спектар на можности кои ги нудат конекциите на македонската култура, со култури со есенцијална содржина како што се традиционалната кубанска и џез музиката. Концертот ќе биде една голема салса забава и врвно музичко доживување за сите што ќе дојдат – вели лидерот на бендот, познатиот музичар Петар Ренџов.

Во 2010 година „Тумбао салса бенд“ имаше своја емисија на Алфа ТВ посветена на џез музиката која се викаше „Котон клуб“, а водител беше токму Петар.

– Славејки го 20- годишниот јубилеј ке се потсетиме дека „Тумбао салса бенд“ е име во кое се вкрстија инвенциите на имиња од светско реноме како што е легендарниот перкусионист од Венецуела – Оскар Салас кој на светските џез фестивали настапуваше со Мајкл Брекер, трубачот на ибап- џез сцената, Гоце Димитровски, кој заедно со Стјепко Гут , Душко Гојковиќ, Дамир Дичиќ, Лала Ковачев беше солист на Белградскиот и Скопскиот биг бенд и на концертот на Реј Чарлс во Скопје , италијанскиот саксофонист Марко де Одорико , трубачот Михаил Јосифов од Бугарија, кубанскиот перкусионист Владимир Кабарера Триана и други – не посети Ренџоц на славните имиња кои биле дел од „Тумбао салса бенд“.

Последователните два концерти на групата кои беа одржани 4 и 5 март 2015 година беа последните музички настани што „Универзална сала“ им ги овозможи на скопјани. За жал, утредента со политички митинг беа затворени нејзините врати.

Како вокалистки на „Тумбао салса бенд“ се појавија: Андреа Никчевска, Викторија Лоба, Анче Наумовска , Биљана Ѓошева, Јана Бурчевска… Од неодамна главна вокалиска на бендот е Кубанката Јасмин Лопез која внесе нова свежина и оргиналност во авторството, особено со изведбата на македонските традиционални песни.

М.Т.