Во продукција на „Музичка кутија“ вечерва, во „Литература“ во „Дајмонд мол“, со почеток во 18.30 часот, ќе биде изведена музичката претстава за деца „Трите самовили го бараат Дедо Мраз“.
„Музичка кутија“ е нова продукција што се занимава со музичко-сценски изведби наменети за деца од пет до тринаесетгодишна возраст. Станува збор за едукативни проекти со автентични, оригинални приказни (сценарија) и избор од класична музика наменета за камерни ансамбли.
„Трите самовили го бараат Дедо Мраз“ е претстава што ќе се реализира со жива изведба на новогодишни песни, изведени на лимени дувачки инструменти од страна на професионални музичари. Приказната зборува за трите неодоливи самовили – Муза, Нота и Песна, кои тргнуваат во потрага по Дедо Мраз, но тој е поблиску отколку што тие мислат. Додека го бараат, се случуваат неочекувани и волшебни моменти што ќе ги воодушеват најмалите. Приказната е полна со едукација, забава и инспирација.