По минатогодишната серија предавања низ Македонија – бесплатното предавање во Свети Николе и распродадените предавања кои се одржаа во Скопје, Штип и Битола, главниот град повторно се подготвува за гостувањето на еден од најпопуларните истражувачи на феномените на денешницата. Познатиот автор и уредник на култната емисија „На рубу знаности“, Крешимир Мишак, се враќа пред македонската публика со нова тридневна програма која ветува длабока анализа на реалноста во која живееме.

Од 20 до 22 февруари, во просториите на „Салон 19.19“ и „Паблик рум“, посетителите ќе имаат ретка можност да проследат три тематски различни, но меѓусебно поврзани предавања: „Патување низ времето“, „Трансхуманизам“ и „Синхроницитет“.

Настаните се организирани со поддршка на Меѓународниот Славјански Универзитет „Свети Николе“, а медиумски покровител е најстариот дневен весник „Нова Македонија“.

Поради огромниот интерес кој го следи Мишак каде и да се појави, билетите се во строго ограничен број. Ве известуваме дека предавањето во недела е веќе целосно распродадено, додека за термините во петок и сабота се преостанати помалку од 20 влезници. Вашите места можете да ги обезбедите преку платформите Tix.mk и Zlatenzab.mk.