Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Аудиција“ од Галин, во режија на Владимир Милчин, вечерва настапува во официјалната програма на 11. издание на амбиенталниот театарски фестивал Нов Тврдина театар, што се одржува во Чортановци, во близина на Нови Сад, Србија.
Прилепскиот театар, што е во рамките на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, со „Аудиција“ на фестивалот на кој во конкуренција се и други пет претстави од регионот. Изведбата е во вила Станковиќ, која од неодамна е промовирана како нова амбиентална театарска сцена.
Темите на претставите на годинашниот фестивал, кој е под мотото „Смета ли иднината на нас?“, се проблемите кои се случуваат денес.
Претставата „Аудиција“ на прилепскиот театар, во која играат Марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицовска Станкоска, Наташа Ачански, Илија Волчески, Александар Тодески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски, зборува за копнежот по малку подобар живот, кој е можен само подалеку од провинцијата и татковината. Ка.М.