Со синоќешниот маратонски коцерт кој траеше повеќе од два и пол часа и на кој сите фолклорни ансамбли имаа по два блока свои настапи, многубројната публика и покрај нешто постуденото време, ревносно ги подржуваше настапите на фолклорните ансамбли од земјите учеснички на фестивалот. Презадоволните гледачи исполнети од прикажаното на фолклорните ансамбли, презадоволни го напуштија центарот на Кичево, со желба вакви музички настани што почесто да се случуваат во нивниот град.
-Со синоќешниот концерт спуштена е завесата на 18-тото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Д-р. Владимир Полежиноски“ Кичево. На овој коцерт сите фолклорни ансамбли имаа можност во два наврати да го презентираат најдоброто од себе и во вистинско светло да се претстават пред многубројните гледачи присутни на концертот. Не знам кој ансамбл би го издвоил и би го истакнал за својот настап, кога сите ансамбли го дадоа својот максимум, што го потврдија и аплаузите на присутната публика. Од домаќинот КУД „Рацин“, преку КУД „Ускана“, КУД „Бисер“, КУД „Нико Пусоски“ и КУД „Младост“ Кичево, преку настапите на ансамблот од Приштина, потоа Кушадаси Турција до скопските ансамбли Блажески и „Емин Дураку“, друштвото „Јанко Глигоров“ од Свети Николе, ансамблот при домот на културата Демир Хисар и др. Присутните ги загреваше одличното издание на сите ансамбли и покрај тоа што надворешната температура беше нешто пониска – истакна директорот на центарот, Мазлам Османи.
Во двата дека околу 2000 гледачи ги видоа настапите на фолклорните ансамбли и покрај тоа што првата вечер концертот поради закана од дожд се одржа во затворен простор, додека синоќешниот концерт се одржа на отворено пред околу 1500 гледачии, сите присутни до крајот го проследија преубавиот концерт и покрај нешто пониските надворешни температури.
З.А