Со проекција на филмот „Уставот на Република Хрватска“ („Ustav Republike Hrvatske“, 2016), во режија на Рајко Грлиќ, вчера се отвори настанот Денови на хрватскиот филм.
Публиката ќе може да биде дел од овој настан во Кинотека на Македонија до 20 септември.
Проекциите почнуваат од 20 часот.
Манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката на Република Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска.
Публиката ќе има можност да се запознае со избор од најзначајните и најуспешни дела на хрватско кино.
Во текот на неделата ќе бидат прикажани долгометражни филмови, кратки играни филмови, документарни филмови и класици на хрватското кино, а програмата ќе заврши со најновата крими-драма „На сè му доаѓа крај“ („Svemu dođe kraj“, 2024).
Сите филмови ќе се прикажуваат на оригинален јазик, со титлови на македонски и на англиски јазик.