Традиционалната 29-та по реед ликовна колонија „Михајлово-Кавадарци“ синоќа беше
отворена во Музеј-галеријата во Кавадарци со изложбата на познатиот ликовен уметник од Турција Вахим Акин.
Тој е еден од најбрројната група уметници од Турција кои учествуваа на годинашната ликовна колонија кои почнувајќи од денес па се до 24 август ќе создаваат ликовни
дела инспирирани од топлата Тиквешија и гостопримството на кавадарчани.

– Вахим Аким е уметник чија палета на ликовни дела ни открива свет исполнет со со мир, хармонија , движење и длабока емоција. Во неговите пејсажи препознаваме повеќе од природа, своевидно огледало на тивките мигови и светлина која го буди просторот. Пристаништата со своите бротчиња претставуваат метафора за патување, чекање и надеж за постојана врска, помеѓу човекот и морето, за почетокот и крајот на секое патешествие. Вахит Аким успева со ретка чуствителност да ја спои интимната поетика со универзалниот јазик на сликарството овозможувајќи му на набљудувачот секоја негова слика да ја доживее како мало патување – свет за себе- рече Зорица Ташева Илова на отворањето на изложбата.

Годинава на ликовната колонија во Кавадарци учествуваат 40 ликовни уметници чии
дела ќе бидат изложени на заедничка изложба по нејзиното завршување. Куратори на ликовната колонија се Владимир Темков и Марина Убавкова. М.М