Фото: З.А

Со дефилето што се реализира низ градските улици и во кое зедоа учество сите друштва кои се дел од Меѓународниот фолклорен фестивал „Др. Владимир Полежиноски“, официјално започна осумнаесетото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал, кој вчера и денес се одржува во Кичево. Дефилето на ансамблите учесници на фестивалот предизвика голем интерес кај месното население, што беше пропратено со громогласни аплаузи од страна на локалните жители.

Фото: З.А

-Осумнаесетото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал на народни песни и ора „Др. Владимир Полежиноски“, започна со традиционалното дефиле на ансамблите кои зедоа учество на овој фестивал. Дефилето се реализира низ градските улици во Кичево а богатиот колорит на бои во кои беа облечени учесниците, измами големи аплаузи од граѓаните кои беа излезени на кичевските улици да ги поздрават ансамблите-истакна Мазлам Османи, диерктор на Центарот за култура„ Кочо Рацин“ во Кичево.

Фото: З.А

Тој нагласи дека поради можните врнежи од дожд, настапите на учесниците на фестивалот, првиот ден беа реализирани во големата сала од Центарот за култура.

-За да избегнеме било каква можност дождот да ни ја расипе програмата, одлучивме првиот ден од фестивалот да го организираме во големата сала од Центарот за култура. На денешното отворање зедоа учество ансамблите КУД „Рацин“ и КУД „Ускана“ Кичево, Детскиот културен центар од Курбин Албанија, Народна танцова група„ Прушковјаци“ од Полска, Детскиот фолклорен анасмбл „Светлина“ од Бугарија, Детски културен центар Приштина од Косово, Фолклорното здружение„ Куфад“ од Турција и ансамблот за народни игри „Дружба“ од Украина. Големата сала од Центарот за култура беше претесна да ги прими сите оние кои имаа желба да ја проследат програмата на Меѓународниот фолклорен фестивал- додаде Османи. З.А.