Фото: З.А

Во само три години кичевскиот мајстор казанџија Коста Галиманоски, синоќа ја отвори и третата самостојна изложба со работен наслов „Ведрина во движење“. Последниот кичевски казанџија пред многубројните присутни претстави околу 30 дела изработени претежно од железо, но и од други метали. Тој овие дела ги изработил последните дванаесетина месеци . Изложбата ја отвори самиот автор, откако претходно имаше краток вовед поврзан со оваа изложба..

-Оваа изложба и овие дела се резултат на мојата безгранична креатура и инвенција, која на себе својствен начин ја вградив во секое од овие дела. Изложбата ја сочинува опус од триесетина дела во кои се содржани „Шампион“, „Велосипед“, „Зачнување“, „Прослава“, и многу други. Вашето присуство ми дава мотив плус во текот на есента со нови експонати да ја подготвам и четвртата самостојна изложба. Овие дела и оваа изложба се уникат кој во блиска иднина планирам да ги презентирам и во соседните градови. Сигурен сум дека овој вид на творби за прв пат се прикажуваат на една изложба во нашата земја. За изработените дела мотив ми дадоа и делови од одредени железни производи, кои на својствен начин ми ја одредуваат идејата што да создадам од дадениот материјал-нагласи пред многубројните посетители мајстор Галиман, кој на крајот ги замоли присутните ако има нешто да го прашаат тоа слободно може да го сторат.

Галиманоски трпеливо и студиозно одговараше на поставените прашања за да им ги ја појасни на присутните техниката како ги создал овие дела. З.А