Третиот ден на МТФ „Војдан Черндорински“ во Прилеп започна со детската програма во 10 часот, а потоа се одржаа и разговорите на тркалезна маса за претставата „Црно семе“ на Битолскиот театар. При тоа беше и промовирана монографијата 80 години Народен театр од Битола, значајно театарско дело од авторот Иван Додовски.
Вечерва во 19 часот од официјалната програма ќе биде изведена „Сите прекрасни нешта“ во режија на Нела Витошевиќ, продукција на Народниот театар од Штип. Улогите ги толкуваат: Ефтим Ѓаурски, Милорад Ангелов, Марија Минчева Андонова, Стефанија Митовска, Ава Хусеини и др.
Во 21 часот вечерва ќе биде отворен и Музејот во движење „Прилеп во фокус“, посветен на легендарните прилепски уметници – Благоја Спиркоски – Џумерко, Кирил Ристески и Благоја Ристески-Платнар. На оваа програма ќе и претходи проекција на документарни филмови на Платнар во 17 часот во „Мис Стон“.
Инаку, прилепската публика синоќа со овации и долготрајни аплаузи ги испрати од сцената актерите од НТ Битола од претставата „Црно семе“ во режија на Андреј Цвтенаовски. Публиката беше воодушевена од комплетниот театарски чин што го приреди Битолски театар.
Ка.М.