На 12 март Битола беше домаќин на уникатно музичко доживување со Влатко Стефановски трио, во покровителство на Шпаркасе Банка АД Скопје.
Присутните во Народниот театар во Битола уживаа во неколкучасовниот концерт, а по завршувањето, настанот продолжи во пријатна атмосфера и дружење. Корпоративниот настан беше организиран за клиентите од регионот, како резултат на посветеноста на нивното задоволство и поддршка на нивните цели.
Пред присутните гости свое обраќање имаше претседателот на Управниот одбор на
Шпаркасе Банка, господинот Санел Кустурица.
– Вечерва ја прославуваме нашата посветеност, вашата доверба и заедничкиот успех. Ве имаме вас, околу четиристотини присутни гости, и една од најголемите музички ѕвезди, нашиот драг Влатко Стефановски со својот бенд, кој оваа вечер ќе ја направи незаборавна. На сите претставници од сто и десет компании, со минатогодишен збирен промет од над една милијарда евра и вкупен број од повеќе од 15.000 вработени, ви честитам на фантастичните резултати и ви посакувам понатамошни успеси и во иднина – изјави господинот Кустурица.
Тој, исто така, ги нагласи и импресивните резултати на Шпаркасе Банка во изминатите години, со фокус на кредитниот раст како резултат на поддршка на инвестиции и проекти.
Шпаркасе Банка остварува долгогодишна соработка со музичкиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски, кој со својата работа и посветеност оставa траен белег во македонската културна историја. Тој, како синоним за талент, квалитет и професионалност, е бренд-амбасадор на Банката, личност што верува во себе и во својот сон и успешно ја пренесува пораката кон луѓето да веруваат во себе и во својот
потенцијал. Ваквите луѓе се наша вечна инспирација и затоа продолжуваме да ги поддржуваме сите оние што сакаат и имаат сила да ги менуваат нештата кон подобро. Културата и културните настани ја обединуваат заедницата, а како банка, преку поддршка на настани од ваков карактер, придонесуваме кон градење подобро општество за сите.
Задоволството на клиентите, на вработените и на соработниците е водечка цел на Шпаркасе Банка, како и вложувањето во заедницата, културата и во иновативните идеи што го движат светот напред, кон подобра иднина. И понатаму остануваме силно посветени на целта да обезбедиме поквалитетен живот за сите во нашето општество.
#ВерувајВоИднината
Комерцијална објава