Деветтиот по ред поетски фестивал „Балканска вечер на поезијата“ (Balkansko veče poezije) се одржа во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје.
Манифестацијата ја отворија: Размена Чекиќ Дуровиќ, државен секретар во Министерство за економија на македонската влада и Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, културен развој и меѓуресорска соработка.
Учествуваа поети, кои своите стихови ги пишуваат на нивиот мајчин јазик, но и на македонски, создавајќи своевдиен мост на поврзаување. На фестивалот се слушнаа стихови на македонски, албански, босански, турски, хрватски, ромски, влашки и на српски јазик.
– Овие песни носат идеја за зближување на народите и поттикнување на соживотот, а со тоа сме ја постигнале и нашата главна цел за мултикултурната разноликост. Ова шаренило од јазици со мозаички поетски слики од афирмирани поети, се одржува по повод Меѓународниот ден на Бошњаците, 28 Септември, во организација на Младинската културна асоцијација „Шадрван“. На овој настан секоја година учество земаат поетите од сите национални заедници што живеат под нашето македонско сонце. Затоа, нека оваа „Балканска вечер на поезијата“ биде поттик и во иднина да се осознаеме едни со други, да ја почувствуваме љубовта и тагата на нашиот ближен, да ја споделуваме радоста и среќата и да се подготвиме за творечката сеидба на следните изданија – велат организаторите.
Во рамките на „Балканската вечер на поезијата“ беше промовирана и поемата „Зулија“, од Бајро Перва (БиХ), која е преведена на македонски јазик.
Ѕидовите на холот во Дом на културата „Кочо Рацин“ ги красеа уметнички дела од сликари-аматери.