Фото: Ка.М

Во Ликовна Галерија од ЦК “Марко Цепенков” Прилеп, синоќа 20.12.2024, беше отворена ретроспективната изложба на дела од акварелистит Илија Миноски.
Претставени се 40 – тина дела, работени во различни периоди, од кои некои за првпат се на увид на прилепската и македонската јавност.

Отворајќи ја изложбата Викторија Димеска, историчар на уметност, посочи дека академскиот уметник Миноски изградил сопствен ликовен израз преку експетиментирање со многубројни технички можности што ги нуди акварелот.

-Миноски експериментирал со колоритит, просторот и формата, истовремено ослободувајќи ги облиците од нивните контурни окови и ригорозни структури, создавајќи креативни и неповторливи, односно единствени апстрахирани или флуидни површини што потсетуваат на етерични спомени и сеќавања – рече Димеска.

Верица Миноска, ќерката на уметникот, во името на семејството, заблагодарувајќи се за можноста делата да се на увид пред јавноста посочи:

-За него уметноста, акварелот беше се. Неуморно црташе секој ден.Копнееше да има свое ателје, свое катче за да можи на мир да работи, и чекаше навечер кога дома се одморавне или бевме излезени, на масата да нареди хартија,четки, бои и да твори….Наутро стануваше рано, шеташе низ градот, ја гледаше архитектурата, Селечка, Маркови кули и одново и одново добиваше инспирација за нови дела.Црташе, работеше се додека болеста и возраста, за да четката не му стане претешка.Се надевам дека делата ќе не надживеат, и следните генерации ќе уживаат во нив и ќе го ценат тоа што тој го направи за својот роден град, кој многу го сакаше, како што ја сакаше и уметноста – посочи Верица Миноска.

Изложбата Центарот ја реализираше со поддршка на Министерството за култура и туризам.

Ка.М.