Музеј галеријата во Кавадарци синоќа беше претесна за сите љубители на уметноста кои дојдоа на отворањето на ретроспективната изложба на Дивна Пешиќ Грозданов, на во која во трите изложбени салони беа изложени над 50 слики од најзначајните фази од нејзиното творештво.
Дивна Пешиќ е уникатна фигура која ја обединува прецизноста на спортската стрелба и експлозијата на апстрактниот експресионизам. Како уметница , сликајќи масло на платно Дивна има 33 години активна кариера со околу 50 самостојни и групни изложби ширум светот. Нејзината уметност доби глобално признание- прогласена за најдобар апстрактен експресионист во светот од страна на World Awards, како и од страна на American Art Awards во избор на 25 врвни галерии и музеи во светот и во САД.
-Во Њујорк , Дивна живее и твори како уметник без граници, но во Кавадарци таа се гледа со себе. Оваа изложба е токму таа средба. Нејзините дела ја носат топлината на душата на македонската култура пренесувајќи универзална порака преку еден исклучително личен ликовен израз – рече Трајче Цветков историчар на уметноста од Музеј-галерија Кавадарци.