Почетокот на годината членовите на „Реквием бенд“ го означија со промоција на нова песна, а за тоа имаат навистина убава причина – одбележување на 30 години постоење на македонската, но и на балканската музичка сцена. Песната е насловена „Не се предавај“,носи убаваа, хумана порака, а посветена е на сите сите некогашни, сегашни и идни родители!
Текстот и музиката се на Георги Гавровски, познат меѓу колегите како Гого Реквием, кој е и пејач во групата. Аранжманот е на Дарко Тасев, кој со Филип Каровски ги отсвире и гитарите. Музички продуцент е Кристијан Габроски, а лирик-видеото го изработи Кристијан Лахтов.
Гого Реквием, е единснтвен член од првиот состав на бендот. Поранешни членови се : Роберт Пирнер и Милован Станковиќ, а освен Гого денес во групата членуваат и: Југослав Милановски (од 2001) и Филип Каровски (од 2021 година).
– За промоција на новата песна по подолго време, намерно ја избравме датаат 3 јануари, бидјеќи на овој ден, но во 1996 година бендот за прв пат настапи јавно под името „Реквием бенд“, а нашето деби се случи во култниот „Рулет клуб“ во Скопје. Инаку бендот постои од 17 септември 1995 и роденднеот ќе го заокружиме со голема роденденска журка во септември – ни рече Георги Гавровски алијас Гого Реквием.
Тој е е вокал во групата од 1999 година. Многумина го познаваат од една друга негова активност, бидејќи тој е еден од нашите најпознати магионичари, а баран е и надвор од границите на Македонија.
Инаку, кон крајот на 1990-те „Реквием“ беа наша најпопуларна кавер група на екс ЈУ- хитови. Имале чест да свират со некои од најголемите звезди во регионот, како Ален Исламовиќ, Хари Мата Хари, Дино Мерлин, Оливер Драгоевиќ, „Прљаво казалиште“, Северина и многу други.
М.Т.