На третиот фестивалски ден на деветтото издание на „Дрим шорт“ во Струга, покрај проекциите во Паркот на поезијата, се проектираа и другите филмови од студентската програма, а публиката имаше шанса да се запознае и да разговара одблиску со еден од најважните кинематографи, Флоријан Хофмајстер. Фестивалот трае четири фестивалски дена – од седми до десетти август на повеќе локации во Струга. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и на веб-страницата на „Дрим шорт“. Влезот за сите настани е бесплатен.