Од вчера до утре во галеријата од ЦСЛУ во Прилеп, во организација на ЦК „Марко Цепенков“ за првпат се реализира работилница за мозаик за млади, на која учествуваат талентирани ученици од општинските училишта.
Овој проект – работилница за мозаик се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам велат од Центарот за култура.
– Како искуство и позитивен исход од веќе релизираната работилница во 2021 година и во 2022 година, во Штип, решивме да го реализираме проектот во Прилеп и да ја поттикнеме мотивацијата и желбата кај младите за изучување на оваа дисциплина во ликовната уметност. Интересот за учество на учениците беше голем, бидејќи практично ќе научат како се создава мозаик. Предавач е м-р Александра Димитрова – вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност од ЦК „Марко Цепенков“.
Ка.М.