Енциклопедијата на есперанто од 1895 година, која се осврнува на есперанто-движењето, е иницирана од Иван Ширјаев (1877-1933), Русин, свештеник, предавач, новелист, есперантист. Тој соработувал со многу есперанто-весници, како „Лингво интернација“, „Ла ондо де есперанто“, „Литература мондо“. До мај 1930 година составил разновидни слипови, приближно 2.100 белешки – записи, под наслов „Есперанто – енциклопедио“. Овој материјал станува јадро на енциклопедијата (1933-1934 година).
По неговата смрт во 1933 година, проектот бил продолжен и завршен во редакција на Лајос Кокени и Вилмос Блеиер, заедно со помош на голем број соработници. Енциклопедијата е издадена како двотомно издание (А – J, K – З ) на „Литература мондо“ во Будимпешта во втората половина на 1934 година, со околу 2.500 записи. Еднотомната верзија на енциклопедијата е реиздадена со помош на Унгарската есперанто-асоцијација во 1979 година и потоа во 1986 година, но без фотографии. Енциклопедијата на есперанто е создадена со неколкугодишна неуморна работа на нејзините редактори, како и благодарение на ентузијазмот и посветената соработка на есперантисти од различни области и струки.
Во моментов делото не е само прирачник за елементарни потреби туку и книга што има повисоки претензии за пропагандистите, литератите и лингвистите. Енциклопедијата проникнува во сите сфери на есперантскиот живот, движењето, јазикот и литературата.
(Од предговорот на редакторите на Енциклопедија, Будимпешта, мај 1934)
Превод од есперанто: Татјана Шошолчева Ропајкова