Фото: Приватна архива

Младата пијанистка, 14-годишната Јана Алексовска, синоќа го одржа својот прв солистички концерт во Музејот на македонската борба во Скопје.
Алексовска, ученичка во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на м-р Билјана Данилова Танасковиќ, се претстави со дела од Бах, Моцарт, Шуберт и Шопен. На барање на публиката, таа дополнително изведе и композиција од Стеван Мокрањац.

Фото: Приватна архива

Алексовска учествувала на бројни општински, државни и меѓународни фестивали и концерти, демонстрирајќи извонреден музички талент и сценски настап. Таа е активен учесник на домашни и меѓународни натпревари, каде што има освоено бројни награди и признанија.