Фото: Библиотека ООУ „Војдан Чернодрински“-Скопје

Денеска во кафе-галеријата Концепт 37, со почеток во 18 часот ќе биде отворена изложба и ќе биде промовиран проектот „Нишки како воздишки“.

Специјални гости се: Чие Нагашима и Атсуши Кобајаши, лекроти по јапонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, коишто ќе изведат чајна церемонија.

Проектот „Нишки како воздишки“ е посветен на дел од јапонската култура и е реализиран по избор на учесниците – ученици од шесто, осмо и деветто одделение во ООУ„Војдан Чернодрински“ – Скопје, членови на клубот „Млади библиотекари“. Овој проект е резултат на доброволното учество на учениците во него и нивната желба за нови знаења, сознанија, увиди, предизвици и поместување на сопствените граници.

Во периодот од 1 март до 28 мај годинава, во училишната библиотека, под менторство на Дијана Петкова-стручна соработничка-библиотекарка, во училишната библиотека, беа изработени четириесет и пет работилници, а учесниците одговорија на шест предизвика.

– Учесниците се запознаа со кратките книжевни форми: хаику, хаига и хаибун користејќи креативна визуализација, сликаа енсо-круг, правеа суши, гомасио, мини зен градина и го најдоа своето икигаи- вредноста на живеењето, минувајќи низ еден творечко-трансформативен процес којшто сите нè поврза духовно и интелектуално – вели Дијана Петкова.