Во кафе-книжарницата „Буква“ се одржа книжевен настан на кој беше претставено творештвото на писателот Сунил Ман. Модератор на настанот беше писателот Владимир Јанковски.
Сунил Ман (1972) е швајцарски писател што пишува на германски јазик. Потекнува од семејство доселеници од Индија. Студирал психологија и германски јазик. Почнува да објавува во 2001 година. Главно пишува криминалистички романи и раскази. Досега има објавено шест романи за возрасни, три романи за деца и четири збирки раскази. Добитник е на повеќе книжевни награди, меѓу кои наградата „Агата Кристи“ на фондацијата „С. Фишер“ и „Циришката награда за криминалистички роман“.
Сунил Ман е член на Здружението на швајцарски писатели на криминалистичка литература, Германско-швајцарскиот ПЕН-центар и на здружението „Про литерис“.
Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Сунил Ман во Скопје, поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.