На големата сцена на Гостиварскиот театар – Гостивар утре премиерно ќе биде изведена претставата на „Ачик ајле“ (Açık aile), работена по делото „Отворен пар” на италијанскиот автор Дарио Фо. Режисер на претставата е реномираниот Сулејман Рушити.
Претставата е комедија и ќе биде изведувана на турски јазик.
Актерската екипа ја сочинуваат Инес Радончиќ, Береда Решит, Елизабета Клиничаревска Младеновска и Исмаил Омер, а музичкиот перформанс го изведуваат музичарите Фатон Стафаи, Хабиб Несими и Марсел Ајдари.
Изборот на музика која се изведува во живо е на Теута Халими Селмани.
Покрај оваа премиера, Гостиварскиот театар – Гостивар работи со полна пареа и наскоро ќе се претстави со уште две премиери.