Вечерва во 19 часот театарот при домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци премиерно ќе ја изведе урнебесната комедија „Жена ми се вика Борис“ работена според текст на Рафи Шарт, а во режија на Диме Боцев.

Кавадаречката театарска публика особено љубителите на комедијата вечерва на сцената ќе можат да ги проследат одличните актерски креации на актерите: Видан Станоев, Диме Боцев, Благица Боцева, Анастасија Данаилова, Сашо Орешков, Цветанка Прочков и Александар Малинков додека са костимите и овојпат се погрижи извонредната Сара Милевска, а сценографијата е дело на Диме Темков и Тони Туриманџов.

– „Жена ми се вика Борис“ е современа фарсична комедија, дело на Рафи Шарт, еден од најпознатите современи француски комедиоографи, чии текстови доживуваа неверојатен успес на театарските сцени насекаде низ светот.Познат е по своите прецизни заплети, тој е еден од легитимните наследните на Жорж фејдо. Неговата провокативна поетика лесно комуницира со публиката, а неговите карактери се огледало на животот што го шивееме. Самата претстава е современа хит-претстава со калабалак од заплети,замена на идентитети и мноштво луди ситуации кои се одвиваат со неверојатна брзина. Изборот на овој театарски текст го направив токму поради интересниот заплет кој што го нуди самата претстава, а сметам дека тоа е биден фактор што ќе го задржи вниманието на кавадаречката публика кој со годините има се поизострен вкус особено за комедијата. Затоа особено внимавав на поделбата на улогите да биде што попрецизна до самиот лик во претставата, водејќи се од правилото дека добрата поделба на улогите е пола завршена работа. Целата актерска екипа која максимално беше ангажирана и посветена имаше значаен удел со инспиративни идеи околу градењето на ликовите. Направив комбинација со помлади и поискусни актери што ми дава за право да кажам дека зад претставата стои одличен тим – изјави за „Нова Македонија“ режисерот Диме Боцев.

М.М