Фото: Здружение на поети „Тиквешки Цветови“
Под мотото „Застани, слушни, почуствувај“ Здружението на поети на Кавдарци „Тиквешки Цветови“ синоќа со прекрсана поетска средба повторно го обедини членството најавувајќи нов почеток кој симболично се случи на 1-ви септември заедно со почетокот на учебната година. Новата претседателка на здружението  Марија Црвенковска  најави дека  нивна цел не е само да се претстават стиховите на поетите, туку создавање на еден вид поетска заедница, простор каде поетите и читателите ќе се сретнат, ќе се препознаат и ќе воспостават дијалог меѓу пишаниот збор  и слушателот.
Поетската среба помина во прекрасна атмосфера, а публиката имаше можност да слушне несекојдневен одбир на стихови од триесетина поети од различни возрасти од кои голем дел етаблирани кавадаречки поети кои имаат зад себе одлични поетски изданија. Црвенковска најавувајќи голем број на активности најави нова пролет меѓу редовите на „Тиквешки цветови“ кое е спремно да ги прими сите млади заинтересирани вљубеници во поезијата, да ги спои различните генерации поети и заеднички да ја надградува традицијата на здруженирто кое е формирано во 2013 година.
Фото: Здружение на поети „Тиквешки Цветови“
– Денес сме собрани тука со една возвишена цел, да го прославиме зборот, да ја чествуваме поезијата  и да ја споиме моќта на мислата со  убавината на поетскиот израз. За мене поезијата е повеќе од уметност, таа е јазикот на срцето, мостот меѓу минатото и иднината, гласот кој зборува кога владее тишината. Со поезијата го чуваме идентитетот, ја негуваме традицијата и им даваме крилја на зборовите кои пеат. Нашата земја со своите долги корени и богата култура отсекогаш ја негувала поезијата, почнувајќи од народните изворни песни што  ни ги  пренесувале бабите и дедовците па се до современите автори. Преку поезијата ние сведочиме дека зборот живее, се менува но никогаш не исчезнува – истакна претседателката на здружението Марија Црвенковска.