Фото: Жан-Пјер Симеон и Јордан Плевнеш со Претседателката на Р.Македонија Гордана Сиљановска-Давкова и раководството на Струшките вечери на поезијата во Охридска Св. Софија

На интернационалниот фестивал “Кирилица“ во Будва, на 7 и 8 септември ќе бидат одржани портрети на минатогодишниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, Жан-Пјер Симеон и на македонскиот писател Јордан Плевнеш.
Симеон ќе биде претставен со избор од неговото творештво во интерпретација на црногорски актери, а Плевнеш ќе одржи беседа за неговото дело како еден од најзначајните француски поети во светски рамки.

Со прогодна реч од црногорскиот поет Радомир Уљаревиќ, на фестивалот “Кирилица“ ќе биде презентирана една од најновите драми на Плевнеш „Кирил и Методиј – Who Are You?“, чие дејствие се случува на 17 точки од кризните жаришта во светот.

За последното француско издание на оваа драма, предговор напиша Жорж Бани, театролог со светско реноме. Токму со оваа драма, како што потенцира Бани и идејата на Св.Кирил и Методиј за „Цивилизацијата на љубовта“, која секојдневно е уништувана во светот, Плевнеш станува планетарен автор.