Анализа на Хамид Дабаши, професор по ирански студии на универзитетот „Колумбија“
Новиот американски научнофантастичен филм „Дина – прв дел“ (2021), во режија на Денис Вилнев, го поттикна контроверзното прашање за погрешното претставување на Арапите, муслиманите и на исламот во Холивуд. Филмските критичари, особено од арапскиот и муслиманскиот свет, се подготвени да се судрат и повторно да разговараат за нивната омилена тема, бидејќи Холивуд погрешно ги претставува. Време е да се стапи во контакт со реалноста и да се прифати фактот дека Холивуд е апстракција во бизнисот за погрешно претставување на сите. Тој нема обврска да биде вистинит. Тој направи профитабилна работа да го измами светот. Домородните Американци, Афроамериканците, Арапите, Азијците, Латиноамериканците, муслиманите, Африканците – сите на планетата Земја се погрешно претставени, од едноставна причина што во епицентарот на Холивуд како индустрија стои фактички, виртуелен или измислен бел наратор што му кажува на светот што е мерка за вистина, мудрост, задоволство и забава, смета Хамид Дабаши, професор по ирански студии и компаративна литература на универзитетот „Колумбија“ во Њујорк, во текстот објавен во „Ал џезеира“. Тој додава дека „Дина“ сега го прави своето погрешно претставување со најновите прекрасни визуелни ефекти и најсовремена дигитална опрема и виртуозност.
– Сместен во далечна иднина, среде меѓуѕвездената дистопија, тој е заснован на научнофантастичниот роман од американскиот автор Френк Херберт од 1965 година. Во 1984 година, Дејвид Линч направил филмска верзија на овој роман на ужас на критичарите. Но адаптацијата на Денис Вилнев од 2021 година е многу пофалена, речиси од сите, освен некои арапски и муслимански филмски критичари, кои мислат дека овој филм погрешно ги претставува и во суштина ја носи фантазијата за белиот спасител. Каква врска има ова со нас – муслимани, Арапи, Иранци, Пакистанци, Турци, Индијци, „ориенталци“, како што нѐ нарекуваат? Еден бел американски романсиер, бел канадски режисер и компанија за мас-медиуми, со седиште во Бурбенк, Калифорнија, мислат дека на целиот универзум му треба бел спасител, кој личи на актерот Тимоти Шаламе – додава Дабаши.
Реквизитите не се луѓе
Според Дабаши, Арапите не се вистински луѓе во овие измислени дела, тие се фигуративни, метафорични и метонимиски, обична синагога за книжевната историографија на американскиот ориентализам. Тие се стилски фигури – симулации што се таму за белиот наратор да ја раскаже својата триумфална приказна.
– Целиот свет ќе падне во замката ако почнеме да се расправаме со овие фиктивни бели соговорници и ако им кажеме дека навистина не сме тоа што тие мислат дека сме. Не е само губење на битката. Тоа е погрешна битка. Не постои вистинска борбена линија. Против Холивуд не треба да се борите со критички аргументи. Против Холивуд треба да се борите со Акира Куросава, Сатјаџит Реј, Абас Кјаростами, Елио Сулејман, Нури Билге Џејлан, Муфид Тлатли, Оусман Сембене, Јасуџиро Озу, Гилермо дел Торо, Маи Масри. Вие не се борите против погрешното претставување, туку сигнализирате, славите и полирате претстави што се уметнички дела. Каква разлика би имало ако главната улога во „Дина“, наместо на Тимоти Шаламет, му беше доделена на Риза Ахмед или на Дева Пател или на Рами Малек? Дали тоа би го решило проблемот и на кој начин – анализира Дабаши.
Тој смета дека во Холивуд има работа со огромна машинерија што продолжува да врти сѐ околу себе, произведувајќи помоќни дози на фантазија за да ја одржи во живот заблудата дека Холивуд е епицентарот на универзумот.
Според Дабаши, сè започнало во 1921 година. Во октомври истата година, немата романтична драма „Шеик“ имала премиера во САД и во Европа. Следните сто години, од 1921 до 2021 година, од „Шеик“ до „Дина“, Холивуд се забавуваше – продуцирајќи и промовирајќи едноподруго илузорна фантазија за Арапите и поширокиот муслимански свет. Но каква врска има тоа со вистинските Арапи и муслимани?
Прашањето што треба да се постави
Прашањето што Арапите и муслиманите треба да си го постават е токму она што Џејмс Болдвин го постави пред околу половина век – откривајќи ја мрачната потсвест на белите народи. Прашањето што треба да си го поставите, рекол Болдвин, е прашањето што мора да си го постави белата нација – „Зошто е неопходно воопшто да постои црнец? Затоа што јас не сум црнец, јас сум маж. Но ако мислите дека јас сум црнец, тоа значи дека тој ви треба. И треба да откриете зошто. Од тоа зависи иднината на државата“.
Според Дабаши, Арапите и муслиманите денес треба да го отворат тоа прашање и да се запрашаат зошто им е важно што мисли за нив непоправлива расистичка култура. Зошто постои оваа преокупација со холивудскиот портрет на Арапите и муслиманите или кој било друг кога веќе сме на тоа? Колку подолго Арапите и муслиманите одложуваат да си го постават истото прашање, каде што црнецот ќе го заменат со Арап, тоа, парадоксално, ќе ја продолжи способноста на белиот врвен Холивуд да ги мачи, да врши когнитивно насилство врз нив, да ги стави во одбранбена позиција и да изгледа дали се тие она што за нив мисли Холивуд.
Дали „Дина“ е бел спасувачки наратив, прашуваат претежно арапските или муслиманските филмски критичари. Се разбира дека е. Па што? Се разбира, Холивуд го избра енергичниот Рудолф Валентин од неговото време во „Дина“ да оди и да ги спаси „Арапите“ од самите себе.
Во своето излагање, Дабаши вели дека од Холивуд исто така рекле дека „романот на Френк Херберт е инспириран од исламот“. Но Дабаши смета дека Френк Херберт не позајмил ништо од исламот и дека тој воопшто не го препознава исламот. Тој само позајмил елементи на ориенталистички фантазии за исламот, а не елементи на исламот. Тој смета дека ниту двајца муслимани не може да се договорат за тоа што е исламот, а не двајца ориенталисти од холивудски ков.
– Ги гледав повеќето фантазии на Холивуд за муслиманскиот свет и не најдов ништо во нив што грубо ме опишува како муслиман или Иранец, баш ништо. Овие филмови се како англиските „преводи“ на поезијата на Руми на кои повремено налетувам. Кога ги гледам тие преводи, никогаш не можам да кажам каква е оригиналната песна, а животот го поминав читајќи и поучувајќи го Руми вдолж и попреку. Затоа што англиските „преводи“ на поезијата на Руми се навистина акти на побожност на добронамерните Американци, кои се обидуваат да најдат соодветен „духовен“ начин што му се припишува на Руми, а за Американците нема ништо лошо во тоа. Сепак, тоа нема никаква врска со мене – или со некој друг што го чита делото на Руми во оригинал – вели Дабаши.
Дабаши смета дека граничните фикции што ги раздвојуваат Истокот и Западот, Холивуд и Боливуд се распаднаа во водите на интернет и дека тие се безначајни во реалноста, каде што фактот дека фантазијата за бел спасител може да ја заскокотка фантазијата на нејзината бела публика не е многу релевантен за остатокот од човештвото.