„Поглед кон далечина обоена сино“ е самостојна изложба на Дарко Алексовски поставена во КСП Центар-„Јадро“, Скопје. Куратор на изложбата е Славчо Димитров
– Изложбата „Поглед кон далечина обоена сино“ е замислена како збир од неколку засебни целини што се развиваат низ неколку тематски истражувања во различни медиуми и форми на изразување. Значаен дел од тоа што во моментов го работам е истражувањето на поимите за утопијата како потенцијална иднина, како постојана недостижност на хоризонтот, но и утопијата како состојба на секојдневието. Сината е единствената боја од спектарот што не стигнува од сонцето до нас, туку се дисперзира во молекулите низ воздухот – затоа небото најчесто е обоено сино, исто како и атмосферските далечини. Изложбата „Поглед кон далечина обоена сино“ е обид да ги разгледам и да ги претставам овие аспекти на физичките и временските далечини преку лични сек?авања – вистински и конструирани, истовремено – посочува Дарко.
Реализацијата на изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура и туризам.
Дарко Алексовски (р. 1989) е визуелен уметник чија уметничка практика се формира преку работа со слики и креативно пишување. Алексовски завршил додипломски и постдипломски студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, a моментално живее и работи во Велес, Македонија. Како уметник досега гостувал на неколку резиденциски програми во Виена, Франкфурт, Скопје, Линц, Сплит и во Дубровник.