Поетскиот филм „Летна соната за мојот град“ во режија на Марија Шаклева е
избран во официјалната селекција на интернационалниот „Поетски филмски
фестивал ‒ Лос Анџелес“ (International Poetry Film Festival ‒ Los Angeles) во САД.
Поетскиот филм „Летна соната за мојот град“ во режија на Марија Шаклева е
снимен според истоимената песна на македонскиот поет Андреј Ал-Асади. Музиката
е на Јован Јовановски, а снимател е Илија Жоговски. Уметничката слика што како
мотив се појавува во филмот е дело на сликарот Владимир Илиевски. Продуцент на
филмот е Јулијана Величковска а режисерката Сандра Ѓоргиева беше стручен
консултант.

Поетскиот филм е дел од „Стиховно мапирање на Скопје“, проект на „ПНВ
Публикации“,со поддршка од Град Скопје, и за првпат беше прикажан во септември
2022 г. во рамки на „Скопскиот поетски фестивал“.

Според програмата, проекецијата во Лос Анџелес е закажана за 29 април
годинава.