Поетската видеоинсталација „Откривање и ритам“ е составена од две интерповрзани видеа, кои преку симболичка нарација и визуелна естетика ги истражуваат темите на внатрешното будење и животната динамика.
Делото ги спојува природата и човечката емоција во сензорно и филозофско патување. Изложбата е на Мартин Џепароски и е поставена до 14 октомври во Македонскиот културен центар.
Првото видео, „Откривање“, се фокусира на трагањето по сопствениот идентитет и поврзаноста со земјата, додека второто, „Ритам“, го прикажува ритмичкото движење низ животот преку симболична бела топка. Инсталацијата ја повикува публиката на размислување за односот меѓу телото, просторот и времето.