Фото: Зоран Антоски

По петнасетти јубилејен пат, викендов во село Белица се одржа културно- туристичката манифестација „Белички средби“. Одбележувањето на овие средби протекна во пријатна атмосфера збогатена со музички настапи, книжевни читања и промоција на групата „Медена долина“, која минатата година беше формирана од страна на повеќе припаднички на понежниот пол кои во регионот на Белица засејуваат медоносни растенија.

-Викендов во село Белица кичевско се одржаа традиционалните„ Белички средби“ кои по петнаесетти јубилејен пат се реализираа ова ова село. Средбите беа посетени од голем број локални жители, гости од Кичево и други градови а беа присутни и посетители кои се родум од ова село а живеат и работат во странство . Оваа туристичко-културна манифестација беше збогатена со настапот на групата„ Бели Мугри“, КУД„ Бисер“ од Кичево, младата пеачка Софија Илијоска и други. Средбите беа збогатени и со литературно читање на поети родум од ова село-истакна Роза Спироска, една од зачетниците на оваа манифестација и го потенцира присуството на членките на„ Медена долина“.

Фото: Зоран Антоски

– „Медена долина“ е група од пет жени кои во текот на есента на повеќе неискористени ниви во село Белица засеаја медоносни растенија а оваа активност ќе се продолжи и наредните години со засејување на нови неискористени површини. Овие растенија ќе бидат од огромна полза за производителите на природен мед бидејќи ќе ги зголемат приносите на квалитетен мед што досега и не беше така чест случај-додаде членката на Медена долина, Роза Спироска.З.А.