Фото: Маја Јаневска Илиева

На концертот насловен „Квинтесенца“, триото „Анимато“ вчера во „Даутпашин амам“ прослави мал, но значаен јубилеј – 5 години концертно делување на македонската музичка сцена.
Овој специфичен камерен состав, во кој членуваат м-р Светлана Димитриевска (пијано), м-р Даниела Неделковска (флејта) и м-р Симона Марочковска Манојловска (флејта), придонесува за актуелизирање и значењето на камерната музика, збогатувајќи ја македонската музичка сцена со своите редовни настапи.
Синоќа публиката имаше можност повторно да ужива во камерната музика и звуците на „Анимато“ со дела од Франц Доплер, Трајко Прокопиев, Алексеј Шор и Бете Илин.

Фото: Маја Јаневска Илиева

Во текот на изминатите пет години, „Анимато“ се етаблираше како еден од најактивните камерни состави во Македонија, со настапи во земјата и странство, промовирајќи ја домашната музичка сцена и соработувајќи со бројни истакнати уметници и институции. Овој јубилеен концерт е заокружување на едно успешно поглавје и најавува нови проекти со уште поголема посветеност кон уметничкиот развој и културната промоција.

Фото: Маја Јаневска Илиева

„Анимато“ е член на СМУМ, а проектот е поддржан од Министерството за култура.