Вечерва е претпоследна вечер на 59 МТФ „Војдан Чернодрински“. Нa програмата ќе биде претставата „Пар распар“ од Нил Сајмон, на театар „Комедија“ во 18 часот во ЦК „Марко Цепенков“. Претставата е во режија на Нина Николиќ, а играат: Валентин Костадиновски, Атанас Атанасовски, Григор Јовановски, Тони Денковски, Сергеј Димоски, Виктор Арсов, Жаклина Петровска и Маја Љутков.
Во 21 часот ќе следува „Слепци“ во режија на Кендрим Ријани, на сцената „105“. Во претставата од официјалната конкуренција, играат: Џенап Самет, Хакан Даци, Јеткин Сезаир, Сузан Акбелге, Фунда Ибрахим, Несрин Таир, Слаѓана Вујошевиќ, Емине Халил, Зубејде Али, Инес Радинчиќ и Един Јакуповиќ. По изведбата на претставите од официјалната конкуренција ќе следуваат тркалезни маси со тимовите на фестивалот.
Во 22 часот ќе следува „Казабалкан“ на Здружението за развој на театарската продукција „Оска“ од Скопје.
Велешкиот театар синоќа ја изведе претставата „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски, како дел од официјалната програма и остави впечаток кај публиката. Потоа беше изведена „Вампири“ во режија на Милош Б. Андоновски, што беше дел од независната продукција.
Ка.М.