Фото: Маја јаневска Илиева

На првиот ден на летотото и Светскиот ден на музиката вечерва стартуваше 46. издание на фестивалот „Скопско лето“. Во Музејот на Град Скопје беше отворена  изложбата „Зона фобија“ на уметникот Томе Аџиевски (19:00), а во Салата на Македонската Филхармонија се одржи концерт „Мостови на музиката: Софија – Скопје“.

Дирекцијата за култура и уметност во најавата за изоложбата на Аџиев  наведе дека трагајќи по топосите на источноевропската авангарда, авторот се потсетува на филмот Сталкер од режисерот Андреј Тарковски. Во „забранетата зона“ од филмот, стои во најавата, тој препознава многу сличност со „менталната зона“ денес во Македонија. Уметникот ќе раскаже пет визуелни приказни за первентираната перцепција кон вистината што перманентно ни се случува од бившата држава па сè до денес. Публиката ќе биде вовлечена во „Зона фобија“ рушевина од старата железничка станица сместена меѓу модерни облакодери. Утопија среде антиутопија, вистинска метафора за нашиот постземјотресен менталитет.

 

На изложбата симболично беа раздавани каталози од разни изложби на авторот по симболична цена, а собраните средства ќе бидат донирани на Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“.

На концертот „Мостови на музиката: Софија – Скопје“ настапија Академскиот оркестар „Панчо Владигеров“ од Националната музичка академија – Софија, како и млади диригенти и музички уметници од Македонија и Бугарија. Беа изведени дела од А. Вивалди, В.А. Моцарт, Ф. Лист, П.И. Чајковски.

Диригенти беа Ана Спасовска и Николаи Хилендаров, а солисти: Јана Каевска – флејта, Марија Магдалена Желјазгова – флејта, Санја Јович Джорджевич – виолина, Тодор Иванов – виолончело, Искра Атанасова – Митуш – пијано и Николај Маринов – пијано.