Во галеријата „Остен“ е отворена изложбата „Селектирани – дел 3“, каде што се претставени делата на некои од селектираните уметници на „Остен биенале Скопје 2024“. Посетителите имаат можност да видат дела од уметници од неколку држави.
Од Словачка тоа се делата на Мирослав Брос, Ева Хнатова, Милан Хнат, Анабела Сладек, Мартин Шевович, од Словенија – Наташа Грегорич Набхас, од
Ј. Кореја – Ваи Ли, од Турција – Бенал Дикмен, од Обединетото Кралство – Мајкл Џ. Дјук. Специјални гости пријатели на „Остен“ се Цветка Хојник и Билјана Јевтиќ. Сите изложени дела се дел од колекцијата на „Остен“